Многу често луѓето не го гледаат очигледното. Тоа сака да го покаже и Асоцијацијата за истражување на рак во Велика Британија, која заедно со агенцијата AMV BBDO, на улица во Лондон поставија голем израсток на тротоарот и ја снимаа реакцијата на луѓето.
Пораката што Асоцијацијата сака да ја упати преку видеото е дека луѓето најчесто не ги забележуваат првите знаци на ракот и промените на своето тело.