Не се случило од 1984 година: Ако продолжи вака – Американците ги чека историски минимум

2302

Стратешките резерви на нафта на САД паднаа на 434,1 милиони барели, што е најниско ниво од 1984 година.

Ова го објави во вторникот Ројтерс, повикувајќи се на американското Министерство за енергетика.

Според нив, резервите на нафта минатата недела паднале за 8,4 милиони барели. Блумберг претходно забележа дека САД ги трошат своите стратешки нафтени резерви побрзо од очекуваното, обидувајќи се да ги задржат цените на глобалниот енергетски пазар, пренесува Новости.

Доколку Вашингтон продолжи да го одржува сегашното темпо на продажба, американските национални резерви би можеле да паднат на историски најниско ниво од 358 милиони барели до крајот на октомври.

Пред една година, стратешките резерви на нафта, лоцирани во сојузните држави Тексас и Луизијана, содржеа 621 милион барели.

Што се стратешки нафтени резерви (SPR)?

SPR е изграден и развиен за складирање до 714 милиони барели сурова нафта за итна употреба, според американското Министерство за енергетика.

Создаден е во 1970-тите како одговор на нафтените шокови. Во тоа време, арапските земји-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) го намалија производството во знак на протест поради американската поддршка за Израел во Октомвриската војна во 1973 година.

Бурињата нафта се складираат под земја во пештери бидејќи таа средина обезбедува најдобра заштита за горивото и е најисплатлив метод за складирање, според Министерството за енергетика.

Пештерите имаат голем капацитет и можат да содржат меѓу шест и 27 милиони барели сурова нафта. Локациите беа избрани поради леснотијата на поврзување на нафтата со комерцијалната транспортна мрежа на нафта во земјата.

Кога се користат и кој може да ги пушти?

Соединетите Држави ги користат своите резерви за итни случаи кога урагани ја погодуваат земјата или кога, на пример, има големи нарушувања во синџирот на снабдување. Залихите на нафта се под контрола на Министерството за енергетика, а се ослободуваат по наредба на претседателот.

За потсетување, по избувнувањето на војната во Украина, американскиот претседател Џо Бајден ги ослободи резервите на нафта за да не дозволи ненадеен скок на цената на горивата.

Фото: Facebook