Според многу истражувања, нема корист од прекувремена работа, бидејќи тоа не е штетно само за работата којашто ја извршувате, туку и за вашиот социјален живот и здравје.
Луѓето кои излегуваат од работа на време се поздрави и посреќни, пишува Bright Side.
Дополнителните работни часови не се продуктивни
Студиите покажуваат дека секој нареден час во канцеларија е помалку продуктивен од претходниот и дури носи послаби резултати. Затоа на многу работни места се мери продуктивноста, а не работните часови и воопшто не е важно дали работите помалку часа, сè додека работата ја извршувате квалитетно.
Штетно по здравјето
Истражување спроведено на три континенти откри дека луѓето кои работата над 55 часа неделно имаат 33% поголем ризик од добивање на мозочен удар, во споредба со луѓето кои работат 40 часа неделно. Според оваа студија, вработените кои работат прекувремено имаат 13% поголем ризик од болести на срце.
Поставете граници
Поставете граници и известете ги колегите дека канцеларијата ќе ја напуштите кога ви завршува работното време. Често луѓето не заминуваат на време само затоа што не сакаат да бидат “црни овци“ и изгледаат непосветено. Важно е да се сфати кога завршува работата, а кога почнува вашиот личен живот.
Фото: Pexels