Недостатокот на чипови ги погоди и производителите на електрични велосипеди

56

Глобалниот недостиг на полупроводници сериозно го наруши производството на автомобили во Германија, но на удар се и производителите на електрични велосипеди, предупреди здружението ZIV.

Производството на велосипеди почна да се одложува, соопшти во неделата Zweirad-Industrie-Verband (ZIV).

Нашите проблеми со (производството) електрични велосипеди се слични на оние во автомобилската индустрија. Проблемот не е недостатокот на батерии, туку недостатокот на полупроводници за контрола на полнењето на батериите, објасни извршниот директор Буркхард Сторк.

Пандемијата на коронавирус предизвика прекини во синџирите на снабдување на велосипедската индустрија, но индустријата очекуваше нормализирање во следните 18 месеци. Потоа ситуацијата повторно се влоши поради војната во Украина, објаснува Сторк, предупредувајќи на недостиг од возачи на камиони.

Многу делови за велосипеди пристигнуваат во Европа од Источна и Југоисточна Азија, што исто така предизвикува проблеми.

Во земјите со сериозни пандемични ограничувања, како што се Кина, Малезија, Сингапур и Виетнам, многу фабрики се затвораа од време на време во последните две години. Денес, испораките повторно се одложени поради актуелното заклучување во Кина, објаснува Сторк.