Недостатокот на странска работна сила ги зголемува цените на становите во Москва

88

Цените на станбените имоти во Москва растат, изјави  заменик -градоначалникот Владимир Јефимов, посочувајќи на недостаток од околу 200.000 странски градежни работници.

Руската престолнина вработува поевтина мигрантска работна сила на градежни проекти, главно од земјите од Централна Азија, кои беа дел од поранешниот Советски Сојуз.

“Се надеваме дека ограничувањата за влез во земјата ќе бидат олеснети во блиска иднина. Недостатокот на работни ресурси води до тоа што работодавачите, пред се изведувачите, купуваат работници едни од други, поради што трошоците за нивните услуги растат“, рече Јефимов.

Русија строго ги ограничи патувањата на почетокот на пандемијата Ковид -19 во март минатата година, и многу од нив се уште се во сила, што им отежнува на граѓаните на некои земји да ја преминат границата.

Цените на недвижностите во Москва стагнираат неколку години, рече Јефимов, но во пандемија тие се зголемија и нивниот раст ја стигна инфлацијата.