Недостигот на какао драстично ја зголеми неговата цена

21

Какаото ја достигна највисоката цена на пазарот во последните 45 години поради намалувањето на производството на ова растение.

Како резултат на големите временски непогоди во Западна Африка, се појави растителна болест која се заканува да го десеткува родот какао, растението од кое се добива суровина за производство на чоколадо. Тоа би можело драстично да го намали овогодишниот род на какао, но и да доведе до пад на неговиот квалитет. Така, ова ќе стане трета година по ред на пад на производството на какао.

Во исто време, во тој регион се појави уште еден штетник, кој ги напаѓа плантажите со какао во Брегот на Слоновата Коска, најголемиот производител на какао во светот. Според последните податоци, околу 20 отсто од земјоделските култури се погодени од оваа инфекција. Производството во земјата оваа сезона се очекува да биде 1,8 милиони метрички тони, што е значително пониско од просечното годишно производство на Брегот на Слоновата Коска од 2,25 милиони тони.

Вториот по големина производител на какао, Гана, во 2023/24 година ќе произведува 24 отсто помалку какао од зацртаната цел – 850.000 тони. Со други зборови, таа земја ќе може на пазарот да му понуди само 650.000 тони основна суровина за производство на чоколада.

Секако, сето тоа доведува до зголемување на цените, што веќе може да се види на примерот на Гана. Ја зголеми откупната цена на какаото за повеќе од 63 отсто. Еден тон какао сега во оваа земја ќе чини 1.837 долари, додека лани чинеше 1.118 долари. Тоа е највисоката цена за какаото што им се плаќа на земјоделците во Африка во последните 50 години.

Следствено, фјучерсите за какао на светскиот пазар пораснаа најмногу во последните 45 години, до 3.900 долари за тон.

Поради сето горенаведено, се очекува цените на чоколадото да продолжат да растат.