Недостигот на шприцови ја доведува во прашање вакцинацијата во Јапонија

15

Јапонија се труди да набави посебни медицински шприцови за да може од испорачната вакцина против коронавирусот да извлече максимални шест дози од едно шишенце, а производителите настојуваат да го зголемат производството поради страв дека милиони дози би можеле да пропаднат.

Јапонија има 126 милиони жители и во јануари со американски Pfizer потпиша договор за набавка на 144 милиони дози, односно доволно за 72 милиони луѓе. Вакцинацијата би требало да започне утре.

Според Pfizer, едно шишенце одговара за шест дози, а Токио подготви стандардни шприцови со коишто едно шишенце може да се распореди на пет дози.

Фото: Pexels