Нефункционални кредити кај нас и во земјите од регионот

212

Нефункционалните кредити претставуваат категорија на кредити со нередовна или нецелосна наплата на ануитетот (рата и камата), односно кредит чија наплата задоцнува 90 или повеќе денови.

Според анализата на Non performing loan (NPL) monitor, во Македонија, заклучно јуни оваа година, во однос на истиот период лани, се бележи зголемување на овој вид на кредити за 17,2%.

Македонија и Полска се единствените земји од регионот на централна, источна и југоисточна Европа, во коишто се забележува зголемување на нефункционалните кредити.

Податоците покажуваат дека вкупниот износ на нефункционални кредити во 17 земји од регионот е 35,2 милијарди евра заклучно 30-ти јуни оваа година. Тоа е намалување од 8,4% или 3,2 милијарди евра на годишно ниво.

Во извештајот се нотира дека најголем пад на нивото на нефункционални кредити, над просечната стапка, во периодот од јуни 2018 до јуни 2019 имаат: Словенија (33,1%), Црна Гора (30,9%), Србија (28%), Естонија (26,9%), и Унгарија (25,5%).

Од земјите во регионот, во Бугарија нефункционалните кредити се намалени за 15,8%, во Хрватска за 14,6%, Романија за исто толку и Србија 5,2%.

Фото: Pexels