Некаде државата им плаќа дадилки на родилките, а некаде се враќаат на работа 45 дена по породување

12

Во поголемиот дел од земјите ги штитат правите на мајките и родилките, па освен финансиска поддршка им овозможуваат да поминат време со своите бебиња. Во некои земји е задолжително на породилно отсуство да одат и мајки и татковци, некаде државата и плаќа дадилки, а се разликува и бројот на слободни денови за родителите.

Според анализите, во само 2% од земјите во светот, прописите за финансиска поддршка и додатоци за мајките не се регулирани со закон.

Порталот Bright Side пресмета колку денови трае породилното отсуство во различни земји и какви услови добиваат мајките.

Велика Британија – на родителите им е поделено родителско отсуство. Мајките се должни да користат породилно отсуство од две недели, додека остатокот од времето можат да го комбинираат.

Шведска – родителите од Шведска имаат на располагање 240 дена, коишто може да го поделат меѓу себе.

Хрватска – породилното отсуство во оваа земја трае 410 дена, што е повеќе од една календарска година, а тамошниот Фонд за здравствено осигурување на родилките им плаќа 100% од нивната месечна плата додека бебето не наполни шест месеци.

Финска – скандинавската земја дава породилно отсуство од 126 денови. Наместо класично породилно, мајките во Финска можат да ги однесат децата во градинка или да ангажираат дадилка којашто ќе им ја обезбеди владата.

Исланд – мајките во оваа земја добиваат 90 дена породилно отсуство, а се користии формулата 3-3-3: на мајката се даваат три месеци, исто толку на таткото, а останатите три ги делат двајцата родители.

Кина – земјата го одобрува породилното отсуство од 90 дена, а должината зависи од возраста на мајката. Па така, колку е постара родилката, толку и поголемо отсуство ќе добие.

Обединети Арапски Емирати – земјата нуди минимално отсуство од 45 денови доколку работи во приватна компанија, вклучително и деновите пред и после породувањето. Доколку жената работи во владина компанија, нејзиното породилно отсуство ќе трае 90 дена.

Фото: Freepik