Неколку европски аеродроми се опоравуваат од сајбер нападите, летовите сè уште се одложуваат

Хакерскиот напад врз системот за пријавување и качување сè уште го нарушува нормалното работење на погодените аеродроми и, според најновите податоци, сè уште се евидентираат доцнења на летови, а аеродромот во Брисел побара од авиокомпаниите да откажат околу половина од денешните летови поради проблеми што сè уште не се решени.

На аеродромите во Берлин и Лондон во текот на вчерашниот ден ситуацијата доста се стабилизираше, но некои летови сè уште се откажани или доцнат, објавува денес Би-Би-Си.

Давателот на системи за пријавување и качување „Колинс Аероспејс“, во сопственост на RTX, утрово соопшти дека работи со погодените аеродроми и авиокомпании и дека е во завршна фаза на ажурирање на софтверот потребен за враќање на целосната функционалност на системот, објави Ројтерс.

Фото: Pixabay