Неколку фармацевтски компании не смеат да имаат монопол на производство на вакцини

27

Конфедерацијата на европски синдикати побара од Европската комисија да ја поддржи иницијативата со којашто би се овозможило патентите и авторските права да не бидат пречка за навремен и соодветен пристап во развојот на медицински производи, вклучувајќи ја вакцината против коронавирусот.

Индија и Јужноафриканската Република предложија откажување на одредбата за патент и авторски права кога се во прашање медицински производи и вакцини за да не можат фармацевтските да ги спречат другите производите да почнат производство на вакцини што се заштитени со патенти и авторски права.

Според главниот секретар на Конфедерацијата, вакцините се развиени благодарение на одвоени милијарди евра јавни инвестиции од европскиот буџет, па поради тоа “вакцините мора да останат во јавни раце под контрола на демократските институции“.

Фото: Pexels