Неколку интересни факти за Nutella

296

nutella-1

За милиони луѓе ширум светот Nutella не е само обичен крем од чоколадо и лешници, туку начин на живот. Овој сладок производ често пати се наоѓа на менито на голем број семејства, како основна состојка за вкусни десерти.

Нејзиниот сопственик, Микеле Фереро, еден од најбогатите луѓе на светот, почина на 14-ти овој месец. Тој зад себе остави огромна чоколадна империја, што е препозналива во светот по чоколадниот крем Nutella, пралините Ferrero Rocher и чоколадните јајца Kinder.

Подолу прочитајте неколку интересни факти за едно од највкусните чоколадни задоволства:

nutella-3

Nutella е распространета низ целиот свет

Чоколадниот крем со потпис на Фереро се продава во 75 земји во светот. Сите производи на Nutella, кои се продаваат за една година, може да зафатат површина од над 1.000 фудбалски игралишта.

Nutella е еден од најбрзо продаваните производи

На секои 2,5 секудни се продава по една тегла Nutella во светот. Податоците велат дека повеќе се купува Nutella одошто се раѓаат бебиња на планетата (на секои осум секунди).

Nutella има над 29 милиони лајкови на Facebook

Во 2009 година, Nutella беше трета компанија во светски рамки со најмногу лајкови на Facebook, зад фан страните на Coca Cola и на американскиот претседател Барак Обама. Повеќе не е на третата позиција, но има над 30 милиони фанови ширум светот.

nutella-2

Nutella претходно била позната под името Pasta Gianduja

Намазот од чоколадо и лешници го носел името gianduia, според италијанскиот театарски лик Gianduja, селанец од Италија. Nutella порано била препознатлива по името Pasta Gianduja.

Nutella е сопственик на Гинисов рекорд

На 40-от роденден во 2005 година, Nutella организираше појадок во германскиот град Гелзенкирхен, кој сè уште го држи рекордот за најмасовен појадок, на кој присуствуваа над 27.000 лица.

Фото: Facebook