Неколку причини зошто да не им позајмите пари на пријателите

65

pari

Фото: Pixabay

Постојат повеќе причини зошто пријателите не ви ги враќаат парите. Во статијата објавена во Huffington Post наведени се пет најчестите причини:

Одбивате да си ги побарате парите назад

Им дозволувате да ве игнорираат

Не сте го дале заемот во пишана форма

Мислат дека тоа нема да влијае на вашето пријателство

Од почетокот не планирале да ви ги вратат парите

Чудно е кога некој што има потреба од пари, а вие му излегувате во пресрет, на крајот не сака да го врати заемот. Меѓутоа постојат различни луѓе, водени од разни пориви. Жално е кога за пари ќе се раскине долгогодишно пријателство или ќе се нарушат фамилијарните односи. Никој не може да претпостави што му носи животот и во каква ситуација ќе се најде. Но, пред да им позајмите пари на вашите пријатели или роднини, видете дали ги пронаоѓате во некоја од фразите. Ако е така, размислете два пати пред да им дадете заем:

1. Одбиваат да најдат работа – било каква

2. Имаат милион причини за да не работат

3. Инсистираат да живеат на луксузно место, а приходите не им го дозволуваат тоа

4. Имаат чудни приоритети

5. Живеат во голем дом, а не можат да ги подмират трошоците

6. Преферираат да ги обвинуваат другите за нивната лоша финансиска ситуација

7. Ако луѓето се материјалисти

8. Ако не го разбираат концептот на вредности

9. Ако мислат дека парите растат на дрво

10. Ако имаат пет кучиња, три мачки и анаконда

11. Ако одбиваат да се откажат од пушење цигари

12. Ако играат лото редовно

13. Ако се редовни клиенти во спортските обложувалници

14. Ако немаат концепт за лична одговорност

15. Ако се хранат во ресторани

16. Ако штотуку се вратиле од 10 дневно крстарење на Карибите

17. Не знаат каде ги трошат парите од платата

18. Не покажуваат интерес да го променат деструктивното финансиско однесување

19. Веруваат дека можат да бидат во тек со Јапонците

20. Не ја знаат разликата меѓу тоа што им е потребно и тоа што го посакуваат