Неколку работи што ни го прават летувањето позабавно и релаксирано

33

1

Семејниот летен одмор е најголем настан во годината за нашето семејство. Со недели пред поаѓање се зборува и се планира за авантурите што нè очекуваат.

Децата се највозбудени и искажуваат невозможни желби. Даваат идеи како можеме да го земеме мачорот, нивните другарчиња од улица, целата корпа со играчки и точаците. Всушност, децата сакаат да се чувствуваат како дома, да бидат запознаени со се околу нив, само плус да има море и песок.

Размислував како да им ги оставарам повеќето желби, да се чувствуваат пријатно како дома, како да понесеме што повеќе играчки и реквизити за занимација, а сепак да не не сметаат за “шверцери“ на граница.

Избрав неколку работи кои навистина ги радуваат моите деца.

Иако ми требаше малку повеќе труд да го убедам сопругот, ги земавме нивните тротинети кои се пакуваат практично и не зафаќаат многу место во багажникот.

Скришно ги спакував нивните омилени постелнини, со Елса и Олаф и со Cars, на што подоцна беа “извадени од памет“ кога уште поскришно им ги наместив на креветите во хотелот. Замислете си, мислеа дека од хотелот знаеле дека им се омилени и ги погодиле истите како дома. Одлична финта за да му простат на хотелот што нема детски базен и тобогани.

Спакував бисквити, мафини и тортички од оние на Винчини, затоа што децата ги обожаваат, а се практично спакувани и не е нешто што ќе се стопи првиот саат на плажа. Како и сите деца на летување, моите одбиваат да излезат од вода, па дури и забораваат да јадат и да пијат вода. Но штом го слушнат шумот на ќесичката од тортичките, очите им светнуваат и пружаат рачиња. Таа прилика ја користам и да се договориме колку страни од лектирата ќе прочитаат под сенка, за да добијат репете. Навистина функционира, а тие се полни со енергија! Дури еднаш, бев пресреќна кога здогледав дел од “нашите“ производи на Винчини во грчки супермаркет, па се опремив со слатки за неколку дена, изјави Викторија од Скопје, мајка на три дечиња.

Децата не се комплицирани, треба само да ги разбереш и да ги засакаш истите нешта што нив ги радуваат. Понекогаш се нивните омилени бисквити, понекогаш е скршено делче од играчка од која не можат да се одвојат. За нив е тоа цел свет.

А преку летото најмногу растат, и нема да забележиш, но најверојатно растат од среќата со која се полнат.