Неколку стратегии како да почнат да ве почитуваат

14

menadzer-pixabay

Фото: Pixabay

Ако сакате да постигнете успех во бизнисот, тогаш треба луѓето да ве почитуваат. Но, кога сте млади или нови во бизнис секторот, тогаш да ги натерате другите да ве слушаат може да биде проблематично. Истражувањата наменети за социјалната перцепција и градење на односите идентификуваа неколку стратегии за брзо здобивање на почит.

1. Дозволете им на луѓето да зборуваат за себе

Луѓето 60% од разговорите зборуваат за себе. Истражувањата покажуваат дека кога зборуваме за себе се чувствуваме убаво и се активира истиот мозочен регион како при секс, кокаин или добар оброк. Активирањето на овој систем укажува на тоа дека самооткривањето, како и другите традиционално признати стимули, природно предизвикува пријатно чувство и дека луѓето се повеќе мотивирани да зборуваат за себе, отколку на другите теми. Истражувањата покажуваат дека кога луѓето откриваат информации за себе, тие се сакаат едни со други повеќе. Тоа е исто така и примарниот начин за формирање на социјални врски, или на друг начин да се каже тоа им помага да ја “заработат“ почитта.

2. Придобијте ги луѓето со првиот впечаток

На улица, во фоаје, во парк, насекаде се разминувате со луѓе. Кога ги среќавате, направете контакт со очите, ракувајте се и имајте насмевка на лицето.

Зошто е ова важно? Бидејќи кога посветуваме целосно внимание на личноста, на некој начин е покажување на почит. А социјалната наука потврдува дека добиваме почит, кога даваме почит.

3. Држењето нека ви е со отворени раменици и бидете исправени

Сликата на држењето на телото може да влијае на тоа како луѓето ве доживуваат. Истражувачите откриле дека ако ги држите рамената и рацете широко отворени, ќе го активирате хормонскиот систем на начин што ќе придонесе да изгледате и да бидете посамоуверени и поспособни. Истото важи и за начинот на којшто седите. Ако седите наведнат над лаптопот, нема да изгледате многу моќен, но ако седите исправено на голема маса во канцеларија ќе изгледате доминантно.

4. Бидете повеќе информирани од потребното

Незнаењето е една од најмалку респектабилните особини во професионалниот свет. Ако сакате вашите идеи да се почитуваат, тогаш треба да бидете подобро информирани од сите други. Ако поседувате многу информации од дадената област, ќе се чувствувате и посигурни во нивното презентирање.

5. Знајте што се случува во светот

Мора да видете во тек со настаните во светот за да можете да зборувате интелигентно на бизнис состаноците. Треба да бидете во можност да дебатирате, дискутирате и да дадете мислење за разни области. Сериозните луѓе имаат цврсти ставови. А сериозно ќе ве сфатат ако сте доволно информирани и им понудите цврст став.

6. Треба да бидете скромни и самоуверени

Капиталистите го почитуваат балансот меѓу скромноста и самоувереноста. Треба да имате доволно самоувереност во знаењето што го поседувате, но и да знаете дека постојат многу работи што не ги знаете.