Нема да се зголеми ДДВ-то во Македонија

26

Нема да се зголемува данокот на додадена вредност како што тоа го направија другите држави, дециден е првиот финансиер Зоран Ставрески.

„Владата во програмата за 2011-2015 година нема предвидено зголемување на даноците наспроти тоа што го прават многу држави, а неодамна и соседната Србија. Не планираме зголемување на ДДВ“, изјави вчера  Ставрески, коментирајќи го предлогот на бизнисмените од Северозападна Македонија, кои побараа ако треба да се зголеми ДДВ-то само тоа да се исплаќа навреме. Ставрески порача дека сите предлози на бизнис заедницата Владата сериозно ги разгледува и доколку може ќе ги прифати.