Нема персонал, работни места им се нудат на деца на возраст од 14 и 15 години

255

Подружницата на McDonald’s во американската сојузна држава Орегон бара работници, а сега поради недостигот, ги повикува децата на возраст од 14 и 15 години да аплицираат за работа во ресторанот.

Франшизата Biddle Road во Медфорд постави транспарент пред својот бар, пред две недели, на кој ги повикува помладите работници да аплицираат. Според извештаите, оттогаш се поднесени многу апликации за работа, и сè е во согласност со Законот за работни односи, пишува BBC.

Објавата доаѓа во време кога продавниците за брза храна и другите продавници низ САД се борат да ги пополнат испразнетите работни места, кои се појавија и покрај олеснувањето на ограничувањата. Хедер Кенеди од ресторан во Медфорд за Business Insider изјави дека “таков недостаток на персонал не се случил во четириесетгодишната историја на бизнисот на нејзиното семејство“, кој управува со франшизата на McDonald’s. Таа првично се обиде да привлече повеќе работници со зголемување на минималната плата во ресторанот.

BBC  пишува дека Хедер Кенеди добила повеќе од 25 нови апликации за работа, откако ги отворила вратите за помлади од 16 години. McDonald’s одби да коментира за овој потег, но за BBC рече дека “ги споделува најдобрите практики за вработување со сите франшизери“. Се додава дека франшизите имале на располагање голем број мерки за решавање на недостатокот на персонал, вклучително и подобри плати, т.н. бонуси за пријавување и нови придобивки, како што е поддршката во контекст на грижата за децата.

McDonald’s не е првиот и единствен ланец за брза храна што “бара од помладите работници да ги пополнат празнините во персоналот“. Рестораните на Burger King и Wendy’s неодамна поставија слични огласи. Според извештаите, синџирот Layne’s Chicken Fingers со седиште во Тексас ги унапредува работниците во тинејџерските години и во раните 20-ти години на менаџерски позиции.