Нема заинтересирани странци за градење хидроцентрали на Морача

67

moracaМинистерството за економија на Црна Гора соопшти дека нема заинтересирани странски инвеститори за изградба на систем хидроцентрали на Морача.

Претставници на министерството разговарале со повеќе потенцијални инвеститори од Италија, Турција, Азербејџан и Кина во врска со доставување на нивни понуди за градење на ХЦ на Морача, но од ниту еден од нив подоцна не добиле понуда, пишува портал Аналитика.

Според постоечката техничка документација, системот хидроцентрали на Морача опфаќа четири електрани со вкупна инстралирана моќност од 238 MW и проценето просечно годишно производство од 694 GWh.

Министерството за економија во февруари 2010 година објави Јавен оглас за давање под концесија на ХЦ на Морача, но по истекувањето на рокот, владата на Црна Гора ја прогласи тендерската постапка за неуспешна, затоа што ниту еден квалификуван понудувач не достави понуда.