Нема заинтересирани за Рудниците за боксит во Црна Гора

26

rudnik

Пропадна огласот за продажба на имотот на Рудниците за боксит во Никшиќ, Црна Гора, по почетна цена од 14 милиони евра, затоа што немаше заинтересирани. На тендерот што заврши на 22 август, не пристигнала ниту една понуда и наскоро ќе биде распишан нов оглас, пишува Побједа.

Предмет на продажба беа неподвижен и подвижен имот, земјиште, како и производни погони, опрема и уреди, транспортни средства и друг подвижен имот на оваа фирма.

Сите понудувачи беа должни за купување на вкупниот имот да уплатат депозит од 1,4 милиони евра.

Стопанскиот суд во Подгорица во февруари прогласи банкрот на Рудниците за боксит, откако во ноември минатата година беше воведен стечај на барање на Црногорска комерцијална банка поради долг од 1,59 милиони евра.