Немаат доволно работници, па ангажираат и мигранти

32
Men at Work

На градежни проекти во Србија во овој момент работат од 2.000 до 3.000 странски работници, најмногу од Турција, Северна Македонија, Пакистан, Украина и Романија, рекол потпретседателот на Градежната комора на Србија, Горан Родиќ.

“Меѓу нив има и такви кои работат на црно, а сега ќе биде уште поголем притисокот на странските работници бидејќи многу земји, поради пандемијата, ги затвораат границите“, рекол тој.

Додава дека на српскиот пазар нема доволно домашна квалификувана и неквалификувана работна сила и дека најчесто странските компании ангажираат работници од странство.

“Иако законот за вработување на странци е јасен и едноставен и предвидува работодавачот да има обврска да го пријави престојот на странците во полиција, да обезбеди дозвола за работа и да плаќа давачки, таа обврска често се избегнува“, вели тој.

Работници, според него, доаѓаат со автобуси како туристи, работодавачот им ги задржува пасошите за да не можат да ја напуштат Србија на црно и пред пандемијата, по слободна проценка, ги имало околу 12.000.

Градежните фирми во Србија ангажираат и мигранти од Пакистан, кои се запрени на патот кон Европската унија. Странски работници може да се најдат на скоро сите градилишта, од автопати до изградба на станбен простор, од Суботица, Нови Сад, Белград, Копаоник, Краљево, па сè до југот на земјата.

Фото: Freepik