Неметали Огражден за шест месеци прикажа загуба од 657.000 денари

64

nemetali-ograzden-580x203

Акционерското друштво за неметали Огражден од Струмица, во првите шест месеци од оваа година, прикажа загуба од 657.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Првото полугодие во 2016 година, за компанијата заврши со загуба од 2.400.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни 2017 година, изнесуваат 66.651.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 44.339.000 денари, додека остатокот од 22.312.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Основна дејност на Огражден е експлоатација и преработка на минерални суровини.