Необично интервју за работа – кандидатите го возат автомобилот на шефот додека ги “испрашува”

29

klucevi-kola

Фото: Pexels

Кога одите на интервју за работа, некои менаџери ќе ви поставуваат чудни прашања, а други ќе ги тестираат вештините што ги поседувате на самото место. Но, има и други интересни начини како да дознаете повеќе за личноста што сакате да ја вработите. Рон Каплан, извршен директор на Trex, има необичен пристап кон кандидатите за работа.

Каплан вели дека често ги прашува кандидатите за работа што се од други градови, да излезат на ручек за време на интервјуто. Потоа, на патот кон паркингот, тој им ги дава клучевите од својот автомобил и им вели да возат.

Тој го прави тоа од две причини: прво, да види како ќе реагираат на тоа, да го возат неговиот автомобил во непознат град. И второ, да ја тестира нивната способност за мултитаскинг.

„Им давам насоки и им поставувам прашања додека се возат. Некои луѓе можат да се справат со притисокот, а другите не можат“, вели Рон Каплан во интервју за Њујорк тајмс.

Тој вели дека ова е добар начин да се запознае со карактерот на кандидатот. Доколку за 90 минути не може добро да се дефинира, тогаш не е соодветен за работата.