НЕОТЕЛ со нова промоција за следење на сите спортски настани

27

Со новата промоција љубителите на спортот сега имаат одлична можност по промотивна претплата да активираат некој од пакетите со супер брз оптички интернет како и интерактивната телевизија – neoTV во која покрај бројните ТВ-содржини ги нуди сите спортски канали достапни на македонскиот пазар.

Од неодамна НЕОТЕЛ го воведе спортскиот пакет Арена Спорт преку кој корисниците ќе може да ги следат најпрестижните спортски настани во кристално чиста HD слика. Продолжуваат да ги следат содржините на Спорт Клуб како и Eurosport каналите исто така во HD слика.

Дополнителниот пакет Арена Спорт, кој сега може да се активира по промотивна цена од 120 денари им овозможува на корисниците да ги следат натпреварите од UEFA Лига на шампиони, UEFA Лига Европа, националните првенства на Франција, Португалија, италијанското Калчо, кошаркарските натпревари од НБА и АБА лигата, натпреварите од EHF Лигата на шампиони како и бројни други спортски содржини.

Со напредната интерактивна телевизија neoTV, корисниците можат да ги користат сите бенефити како снимање, паузирање и премотување на најдобрите моменти. Покрај можноста за следење на сите спортски настани на neoTV, корисниците можат да ги следат содржините и на своите смарт-уреди (таблет или смартфон) без дополнителна претплата.

Повеќе детали проверете на neotel.mk