„Непостоечки автомобил“ скокна на третото место на омилените брендови

84

Повеќе од една четвртина од анкетираните 200.000 сопственици на нови автомобили, 26 отсто, рекле дека им се допаѓа марката Apple – и можеби ќе купат автомобил со ознака Apple. Ова го покажува истражувањето на американската компанија за истражување на пазарот Strategic Vision.

Така, непостоечкиот автомобил скокна на третото место на омилените брендови, зад класичните производители Тојота и Хонда, но пред Тесла.

Премиум брендот на Toyota Lexus и BMW исто така паднаа зад Apple. Интересно е тоа што дури половина од сопствениците на Tesla изјавиле дека ќе размислатза замена на своите автомобили за Apple.

Засега ништо не се знае за него, освен дека е во развојна фаза и веќе стана предмет на обожување, пренесува магазинот ХАК.