Непријатни вести за Uber: Кинески конкурент планира влез на европскиот пазар

31

Кинеската компанија за споделување на превоз Didi Chuxing Technology планира влез на европскиот пазар, пишува Bloomberg.

Didi е компанија чие седиште е сметено во Пекинг, а планира да почне со давање на своите услуги во земји како што се Велика Британија, Франција и Германија и тоа во првата половина од оваа година.

Поради овие информации, акциите на конкурентните Uber и Lyft се намалија за 2,7, односно 0,7%.

Кинески Didi се решава на ваков чекор бидејќи опаѓа интересот за нејзините услуги во матичната земја, сепак на азискиот пазар го има мнозинскиот пазарен удел.

Компанијата, што има поддршка од SoftBank, во овој момент нуди превоз во 13 земји во светот, од кои најголемиот дел се сместени во Латинска Америка.

Во август минатата година почна со опслужување на патници во Русија, со што ја имаше својата премиера во Европа.

Фото: Pexels