Непроменети цените на угостителските услуги во декември

23

Цените на угостителските услуги во декември 2019 година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во декември 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, остана на истото ниво.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари − декември 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,9%, додека во однос на декември 2018 година останаа на исто ниво.

Фото: Pexels