Непроменети цените на угостителските услуги во февруари

43

Цените на угостителските услуги во февруари оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%. Цените на угостителските услуги во февруари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,2%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2015 година, во однос
на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,2%, додека во однос на декември 2014 година останаа на исто ниво.