Непроменети цените на угостителските услуги во февруари

45

Цените на угостителските услуги во февруари 2019 година, во споредба со јануари 2019 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во февруари 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 2,7%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемен за 2,8%, додека во однос на декември 2018 година се зголемени за 0,2%.