Непроменети цените на угостителските услуги во јануари

29

Цените на угостителските услуги во јануари, во споредба со декември лани, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,4%.