Непроменети цените на угостителските услуги во октомври

14

Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во октомври, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,4%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2016-та, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,4%, додека во однос на истиот период лани, тие се зголемени за 0,2%.