Непроменети продажните цени на индустриските производи во мај

20

Продажните цени на производителите на индустриски производи во мај оваа година се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 3,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2015, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,9%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5%.

Во мај 2015, во споредба со мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4,6%.