Непроменети трошоците на живот во февруари

21

Фото: Pixabay

Трошоците на животот во февруари оваа година, во однос на претходниот месец, се непроменети, а кај цените на мало има пад од 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во февруари 2019 година се на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст на трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забелжан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3,4%, свежото и разладеното овошје за 3,1%, млекото за 1%, јогуртот за 0,5%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,4%, житата, сушеното, соленото и чаденото месо, рибата и морските плодови за 0,3%, лебот, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи, безалкохолните пијалаци за 0,2%.

Во февруари 2019 година, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 6,2%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,2%, парамедицинските услуги за 3,1% книгите за 1,7%, автомобилите за 0,6%, терапевтските помагала за 0,4%, мебелот и покуќнината за 0,3%, текстилот за домаќинствата, услугите за рекреација и спорт, угостителските услуги за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите преработки од месо, другите прехранбени производи за 0,6%, јајцата, маслото и маснотиите за 0,5%, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3%.
Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 10,9%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 8,9%, туристичките пакет аранжмани за 3,2%, цврстите горива за 3%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2,4%, телефон и телфакс-опремата за 1,7%, услугите за сместување за 1,5%, облеката и обувките за 1,1%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1%, теписите и другите покривки за под, другите лични предмети за 0,9%, велосипедите за 0,8%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, информатичката опрема за 0,7%, средствата за чистење и одржување на станот, игрите, играчките и хобијата за 0,6%, снабдувањето со вода 0,5% и другите медицински производи за 0,3%.

Трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 1,1%, а цените на мало бележат пораст од 0,3%.