Нептун почна со градба на нов дистрибутивен центар во Илинден

20

neptunКомпанијата Нептун Македонија ДОО во стопанскиот комплекс Илинден почна со градба на нов дистрибутивен центар, што ќе се простира на површина од 7.000 метри квадратни, пишува Миа.

Вкупната инвестиција, според инвеститорот, изнесува три милиони евра, а ќе се отворат 40 нови работни места. Новиот објект треба да биде готов до август годинава.

Во 2015 година во општина Илинден шест компании почнаа со градба на своите нови капацитети, почна изградбата на две станбени згради, а во употреба беа пуштени четири нови стопански објекти. Во локалните економски зони во општина Илинден досега има 176 инвестиции, од кои 31 странска директна инвестиција.