Nestlé купи мнозински удел во синџирот кафулиња Blue Bottle Coffee

20

blue-bottle-coffee-facebook

Фото: Facebook

Прехранбената компанија Nestlé купи мнозински удел во специјализираниот синџир на кафулиња Blue Bottle Coffee од Калифорнија, стои во официјалното соопштение.

Компанијата има кафулиња во поголемите градови во САД и Јапонија, коишто се препознатливи по уникатниот стил. До крајот на оваа година се очекува бројот на кафулиња да достигне 55, наспроти 29 на крајот на минатата година.

Blue Bottle Coffee ќе продолжи да функционира како самостоен правен субјект, а ќе има целосен пристап до различните видови на кафе што ги има Nestlé.

Nestlé е најголем светски производител на кафе, сом брендови како што се Nescafe и Nespresso.