Нетфликс излегува од кошмарот: Закрепнување на бизнисот по драматична загуба на претплатници

Акциите на Нетфликс пораснаа за повеќе од 14 отсто откако објавија подобри од очекуваните финансиски резултати. Компанијата за стриминг, исто така, објави дека бројот на претплатници ширум светот се зголемил за 2,41 милиони.

Во третиот квартал, Нетфликс забележа приход од 7,93 милијарди долари, што е за 5,6 отсто повеќе од минатата година и заработка од 3,10 долари по акција.

Дополнително, Netflix планира следната година да постави ограничувања кога станува збор за споделување лозинки за пристап до платформата, а на корисниците кои пристапиле до неа преку туѓи сметки да им понуди опција да креираат свои. Компанијата исто така ќе им дозволи на луѓето кои ги споделуваат нивните сметки да креираат под-сметки за да можат да платат за членовите на семејството и пријателите да пристапат до платформата со нивните податоци, пишува CNBC.

Во текот на последниот квартал, најголемиот број претплатници на Нетфликс – 1,43 милиони – дојде од азиско-пацифичкиот регион. Најмал раст, околу 100.000 претплатници, е забележан во регионот на Соединетите Американски Држави и Канада.

Компанијата прогнозира дека во првиот фискален квартал ќе има 4,5 милиони нови претплатници, а очекуваниот приход е 7,8 милијарди долари, најмногу поради монетарните притисоци.