Netflix ќе покрене сопствена интернет продавница што ќе продава ограничена серија на облека и најразлични предмети од популарни серии, објави стриминг гигантот, пренесе Ројтерс.
Netflix.shop ќе биде достапен најпрво во САД, а потоа и во останатите земји во текот на следните месеци.
Пионерот на видео стримингот се соочува со голем број на конкурентни што нудат сопствен стриминг и нови филмови и серии.
Интернет продавницата ќе биде нов извор на приходи за Netflix, којшто вели дека ќе продава “внимателно избрани и висококвалитетни производи“.
Фото: Pexels