Netflix со најниски приходи во последните четири години

42

Американската стриминг платформа, Netflix објави дека во последното тримесечје има најниски приходи од уплата на претплатници во последните четири години.

Како причина за тоа се наведува посилната конкуренција, олеснетите мерки против пандемијата и враќање на спортските настани на телевизиските екрани, пренесува Ројтерс.

Според податоците, Netflix заклучно 30-ти септември има 2,2 милиони нови претплатници, додека според проценките на компанијата и Wall Street таа бројка требаше да биде 3,4 милиони.

Акциите на Netflix забележаа пад од скоро 6%, на 494 долари во вторникот.

Netflix, како еден од најголемите добитници оваа година по голем прилив на претплатници поради мерките против пандемијата, кога луѓето беа принудени да останат во своите домови.

Фото: Freepik