Netflix тужен од руските претплатници: Бараат отштета од 724.000 долари

96

Netflix се најде на удар, бидејќи претплатниците на стримерот во Русија решија да ја тужат услугата. Причината е јасна – пристапот им беше укинат поради инвазијата на Украина.

Како што е познато, Netflix ги оневозможи услугите за гледање во Русија. Ги прекина и сите нови преговори и продукцијата на руски серии.

Адвокатската канцеларија „Чернишов, Лукјанов и партнерите“ поднесе тужба против Netflix.

Причината е кршењето на правата на руските корисници поради одлуката на Netflix да престане да дава услуги во Русија – се наведува во тужбата.

Се бара отштета од 60 милиони рубљи или 724 илјади долари.