Нето добивката на Макошпед за резерви, остатокот нераспределен

25

makosped

Шпедитеската компанија Макошпед донесе одлука за утврдување на начинот на распределба на добивката по завршна сметка за 2015 година.

“Нето добивката на компанијата од финансиската 2015 година, којашто изнесува 4.750.148 денари се распоредува: за резерви 5% или 237.507 денари, а останатиот дел од добивката во висина од 4.512.641 денари останува нераспределен“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Макошпед е компанија којашто се занимава со царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз и извоз, маркетинг и складирање.