Нето добивката на словенечките банки повисока за 79%

24

banka

Банките во Словенија во деветте месеци од оваа година остварија 290 милиони евра нето добивка, што е за 79% повеќе од истиот период лани, покажуваат податоците на словенечката централна банка.

Бруто добивката на словенечките банки од јануари до септември оваа година во споредба со истиот период лани пораснала за 69%, на 333,9 милиони евра, пишува Finance.

Како главна причина за поголемата профитабилност на банкарскиот сектор се наведува намалувањето на лошите кредити.

Кредитите во небанкарскиот сектор изнесуваат 19,6 милијарди евра и во однос на септември минатата година се намалени за 2,7 %.