Нето платата во декември била 22.715 денари

23

denari

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во декември 2015 година изнесува 22.715 денари, додека во бруто износ е 33.299 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во декември 2015, во однос на истиот период претходната година, е зголемена за 1,4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (11%), Уметност, забава и рекреација (6,1%) и Информации и комуникации (5,8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18,8%), Информации и комуникации (9,9%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8,9%).

Во декември 2015 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.