Нето платата во октомври е 21.717 денари

15

denari

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година изнесува 21.717 денари, додека бруто износот е 31.847 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај нето платата во октомври, во однос на истиот период лани, се бележи пораст од 2,2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 10,5%, Градежништво за 6,8% и Дејности на здравствена и социјална заштита за 5,5%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 9,6%, Образование за 5% и Дејности на здравствена и социјална заштита за 4,5%.

Во октомври 2014 година, 1,4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.