Нето платата во септември изнесува 25.435 денари

43

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември оваа година, изнесува 25.435 денари, додека во бруто износ е 37.797 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 4,4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8,8%), Административни и помошни услужни дејности (7,9%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7,3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5%), Образование (3%) и Преработувачка индустрија (1,9%).

Фото: Pixabay