Неверојатна висина на американскиот долг

16

Американската економија закрепнува, но има свои проблеми.

Точно е дека економскиот раст е неочекувано висок, но се повеќе на сметка на алармантно задолжување.

Независно надзорно тело на американскиот Конгрес дури предупредува дека САД ризикуваат слична криза на пазарот на обврзници со која се соочи Велика Британија пред година и пол, кога тогашната премиерка Лиз Трас непромислено најави намалување на даноците, а британските обврзници драстично паднаа како резултат на тоа.

Долгот на САД веќе изнесува 35 трилиони, што е речиси 130 проценти од БДП (во историјата ваквите долгови претежно завршувале со банкрот), а во 2026 година САД треба да платат трилион (илјада милијарди) долари само за камата.

Ако Трамп дојде во Белата куќа во ноември, ќе ја продолжи политиката на намалување на даноците, се очекува да ја намали стапката на корпоративниот данок од 21 на 15 отсто.