Невработени 29 доктори на науки и 974 магистри

247

Од вкупно 159.608 лица, колку што се водат како невработени во Агенцијата за вработување на Македонија заклучно 28-ми февруари, 29 се доктори на науки, а 974 се магистри.

На крајот на февруари, од вкупно 29 невработени доктори на науки, 12 се жени. Анализирано по градови, најмногу доктори на науки кои чекаат вработување се од Скопје и тоа 11, по што следат Тетово и Битола со по четири, Штип три…

Кај магистрите кои се во потрага по вработување, од вкупно 974, 59% или 577 се жени.

Меѓу оние со високо образование, кои чекаат на вработување, според евиденцијата на Агенцијата за вработување, вкупно на број се 13.174, а од нив 8.436 се жени.

Скопје е град во Македонија со најголем број на невработени (31.293). Од нив, 11 се доктори на науки, 262 се магистри, со високо образование се 2.786 и со вишо 140 невработени лица.

Фото: Pexels