Невработеност од 27,3% во првото тримесечје

14

Стапката на невработеност во првото тримесечје од оваа година е 27,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Активното население во Македонија, во пресметковниот период, брои 959.388 лица, од кои вработени се 697.248, додека без работа се 262.140 лица.

Стапката на активност во овој период е 57,3%, додека стапката на вработеност е 41,6%.