Невработеност од 27,9% во третото тримесечје од оваа година

14

Стапката на невработеност во третото тримесечје од оваа година е 27,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во тој период, активното население во Македонија брои 958.393 лица од кои вработени се 690.965, а 267.428 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,%3, додека стапката на вработеност е 41,3%.