Невработеност од 6,3% во САД

52

Американските работодавачи во јануари отвори нешто помалку од 50.000 работни места, по бранот затворања на крајот на минатата година, покажуваат официјалните податоци.

Во САД во јануари се отворени 49.000 работни места, соопшти тамошното министерство за труд.

Во исто време се ревидирани податоците на декември лани, кога имало затворени 227.000 работни места. Првите проценки на министерството покажувале пад на бројот на вработени за 140.000.

Стапката на невработеност е намалена на 6,3%, од 6,7% во декември, покажуваат податоците на американското министерство за труд.

Бројот на вработени во САД се намали во декември првпат од април лани поради воведување на строгите мерки што беа воведени поради пандемијата, пренесува Ројтерс.

На почетокот на оваа година има значителен пораст на бројот на вработени во секторот професионални услуги, како и во секторот образование, но има намалување на бројот на работни места во туризам, угостителство, малопродажба, здравство, превоз и логистика.

Фото: Freepik