Невработеноста во еврoзоната расте

40

Во август годинава невработеноста во еврозоната пораснала на 11,4%, во споредба со истиот месец лани, додека стапката на невработеност во Европската Унија изнесува 10,5%.

Еуростат проценува дека 25,4 милиони луѓе во ЕУ, од кои 18,1 милион во еврозоната, биле невработени во август 2012 година. Во споредба со јули годинава, бројот на невработени се зголемил за 49.000 во ЕУ и за 34.000 во еврозоната. Во споредба со август 2011 година, невработеноста се зголеми за 2,1 милиони во ЕУ и од 2,1 милиони во еврозоната.

Меѓу земјите-членки со најниска стапка на невработеност се регистрирани во Австрија 4,5%, Луксембург  со 5,2%, Холандија 5,3% и Германија 5,5%, а највисока во Шпанија 25,1% и Грција 24,4% во јуни 2012 година.

Во споредба со пред една година, стапката на невработеност се зголеми во дваесет земји-членки, паднала во шест, а останала стабилна во Обединетото Кралство. Најголемите падови беа забележани во Естонија од 13,2% на 10,1%, Литванија од 15% на 12,9% и Латвија  од 17% на 15,9%. Најголеми зголемувања се регистрирани во Грција од 17,2% на 24,4%, во Кипар од 8% на 11,7%, во Португалија од 12,7% на  15,9% и Шпанија од 22% до 25,1%.

Меѓу август 2011 и август 2012 година, стапката на невработеност кај мажите се зголемила од 9,9% на 11,3%, во еврозоната и од 9,6% на 10,5% во ЕУ. Женската стапка на невработеност се зголемила од 10,5% на 11,6% во еврозоната и од 9,8% на 10,6% во ЕУ. Во август 2012 година, 5,4 милиони млади лица, под 25 години беа невработени во земјите од ЕУ27, од нив 3,3 милиони во еврозоната. Во споредба со август 2011 година, невработеноста кај младите се зголемила за 164.000 во ЕУ и 213.000 во еврозоната.