
Стапката на невработеност во Германија во декември е 6,2 проценти, а бројот на невработени е зголемен за 3.000 во споредба со октомври и изнесува 2.908 милиони, според податоците објавени од Федералната агенција за труд (BA).
На годишно ниво, бројот на невработени во Германија е зголемен за 101.000 во споредба со декември 2024 година, а стапката на невработеност е поголема за 0,2 во споредба со декември 2024 година.
На прес-конференцијата одржана во Нирнберг, директорката на BA, Андреа Налес, изјави дека на пазарот на трудот во Германија му недостасува економски моментум и дека очекува трендот на слаби резултати да продолжи, според извештајот на Германската федерална агенција за труд.
Нивните податоци наведуваат дека во декември во Германија имало 619.000 отворени работни места, што е за 35.000 помалку отколку во истиот месец во 2024 година.
Во извештајот за декември, исто така, беше истакнато дека 1.033.000 луѓе во Германија примаат надоместоци за невработеност, што значи дека има 102.000 повеќе отколку претходната година.
Како и во претходниот месец, приближно седум проценти од населението на работоспособна возраст во Германија сè уште зависи од социјална помош, се наведува во извештајот.











